Следи ги парите

Промоција на „Следи ги парите“

Имаме чест да Ве поканиме на прес-конференција за претставување на веб-сервисот „Следи ги парите“, која ќе се одржи во четврток, 11 јули 2013 година, со почеток во 11:00 часот во ЕУ Инфо Центарот

Почитувани,

Имаме чест да Ве поканиме на прес-конференција за претставување на веб-сервисот „Следи ги парите“, која ќе се одржи во четврток, 11 јули 2013 година, со почеток во 11:00 часот во Инфо Центарот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Мито Хаџивасилев Јасмин 52в, Скопје.                                                                                    

Сервисот „Следи ги парите“ (www.SlediGiParite.mk) има за цел да ја доближи фискалната политика на локалните самоуправи во Македонија до граѓаните, преку едноставно и транспарентно прикажување на нивните буџети, односно приходите и расходите на општините од 2008 година па до денес. Информациите кои ги содржи сервисот ќе им овозможат на граѓаните да го следат трошењето на парите во нивните општини, со цел да се подигне свеста за квалитетот и квантитетот на  распределбата на средства.

На прес конференцијата ќе бидат претставени можностите и информациите кои ги нуди сервисот „Следи ги парите“, како и предностите од ваквиот пристап за граѓаните и локалните самоуправи.

Со почит,

Фондација Метаморфозис

Објавено од Игнатова Елена на 10.07.2013

Последни вести

Преглед на неподмирени обврски за 2012 година

Сите од анализираните ЕЛС имаат неподмирени обврски на крајот на известувачкиот период, но она што заслужува внимание е фактот што извршените расходи заедно со неподмирените обврски не го надминуваат нивото на планирани расходи.

Објавено од Игнатова Елена на 24.09.2013
Повеќе...

Неделен преглед 9-18.09.2013

Неделен преглед на написи поврзани со распределба на општинските средства за периодот 9 до 18 септември, 2013 година.

Објавено од Џамбаска Дона на 20.09.2013
Повеќе...

Анализа на планирани и остварени приходи и расходи за 2012 година

Податоците кои ги содржи сервисот „Следи ги парите“ можат да бидат основа за многу различни анализи и извештаи. Во наредниот период ќе следуваат неколку анализи направени од податоците кои ги содржи сервисот, а првата од нив е анализа на финансиските извештаи/завршната сметка за 2012 година на 5 единици на локална самоуправа кои се групирани според нивниот број на жители.

Објавено од Игнатова Елена на 03.09.2013
Повеќе...

Предлог за подостапно и поразбирливо прикажување на буџетите на општинските веб-сајтови

Со практикување на наведените препораки, на граѓаните им се овозможува да го следат трошењето на парите во нивните општини и се поттикнува нивното вклучување во донесувањето фискални политики на локално ниво.

Објавено од Игнатова Елена на 02.09.2013
Повеќе...

Неделeн преглед 19-27.08.2013

Неделен преглед на написи поврзани со распределба на општинските средства за периодот 19 до 27 август, 2013 година.

Објавено од Игнатова Елена на 28.08.2013
Повеќе...