Предлог за подостапно и поразбирливо прикажување на буџетите на општинските веб-сајтови

Со практикување на наведените препораки, на граѓаните им се овозможува да го следат трошењето на парите во нивните општини и се поттикнува нивното вклучување во донесувањето фискални политики на локално ниво.

Објавувањето на буџетите и завршните сметки на општините е нивна обврска која се регулира со Законот за буџетите, а поконкретно со член 54 (2), кој гласи:

Буџетот на општината и завршната сметка на буџетот на општината се објавуваат во службено гласило на општината

Службените гласници може да се најдат во пдф форма на општинските веб-сајтови, иако тоа не е пракса на сите општини во Македонија, што значи дека во некои случаи и пристапот до информацијата за буџетот и завршната сметка е невозможен преку интернет. Објавувањето на буџетите и завршните сметки на општинските веб-сајтови ја покажува нивна отвореност и транспарентност во однос на фискалното работење, а моменталните практики за објавување на интернет се следниве:

  • Објавување на буџетот и завршните сметки како документи на посебен дел од веб-страницата на општината, издвоен од останата содржина
  • Објавување на буџетот и завршните сметки во „Службен гласник“, кој кај дел од општините е објавен на веб-страниците, но кај голем дел не е. Службените гласници најчесто се објавуваат во ПДФ форма и не стои објаснување покрај секое издание за неговата содржина, што ја отежнува можноста за брзо наоѓање на потребните информации.

Овие наведени практики, иако овозможуваат увид во распределбата на буџетите на општините, со мали измени можат значајно да ја доближат фискалната политика на локалните самоуправи во Македонија до граѓаните. Преку искуството од собирањето на податоци за сервисот „Следи ги парите“, Метаморфозис ги нуди следните препораки за подобрување на начинот на објава на буџетот и завршните сметки на општините на интернет:

  • Навремено објавување на буџетот и завршните сметки. Штом бидат изгласани од советот на општината, овие документи да бидат објавени на веб-сајтот на општината.
  • Издвојување на буџетот и завршните сметки во посебни делови од веб-сајтот на општината
  • Визуелно претставување на буџетот и завршните сметки. За да се постигне визуелизирање на податоците може да се користи сервисот „Следи ги парите“ (www.SlediGiParite.mk) преку автоматски генерираните графикони, кои се слободни за користење. Од делот „Општини“ ја избирате вашата општина и ќе ви се прикажат неколку типови на графикони кои може да ги користите за да ги визуелизирате буџетот или завршната сметка. Кликнете на копчето , десно од прикажаниот графикон, и ќе ви се појават опции за преземање на различни формати. Фотографијата која ќе ја генерира сервисот потоа може да се вметне на веб-страницата на општината за визуелно да се претстави распределбата на средствата. За дополнителни информации или поддршка околу вметнување на информации од сервисот слободно контактирајте го тимот на „Следи ги парите“.
Објавено од Игнатова Елена на 02.09.2013

Последни вести

Преглед на неподмирени обврски за 2012 година

Сите од анализираните ЕЛС имаат неподмирени обврски на крајот на известувачкиот период, но она што заслужува внимание е фактот што извршените расходи заедно со неподмирените обврски не го надминуваат нивото на планирани расходи.

Објавено од Игнатова Елена на 24.09.2013
Повеќе...

Неделен преглед 9-18.09.2013

Неделен преглед на написи поврзани со распределба на општинските средства за периодот 9 до 18 септември, 2013 година.

Објавено од Џамбаска Дона на 20.09.2013
Повеќе...

Анализа на планирани и остварени приходи и расходи за 2012 година

Податоците кои ги содржи сервисот „Следи ги парите“ можат да бидат основа за многу различни анализи и извештаи. Во наредниот период ќе следуваат неколку анализи направени од податоците кои ги содржи сервисот, а првата од нив е анализа на финансиските извештаи/завршната сметка за 2012 година на 5 единици на локална самоуправа кои се групирани според нивниот број на жители.

Објавено од Игнатова Елена на 03.09.2013
Повеќе...

Неделeн преглед 19-27.08.2013

Неделен преглед на написи поврзани со распределба на општинските средства за периодот 19 до 27 август, 2013 година.

Објавено од Игнатова Елена на 28.08.2013
Повеќе...

Промоција на „Следи ги парите“

Следи ги парите

Имаме чест да Ве поканиме на прес-конференција за претставување на веб-сервисот „Следи ги парите“, која ќе се одржи во четврток, 11 јули 2013 година, со почеток во 11:00 часот во ЕУ Инфо Центарот

Објавено од Игнатова Елена на 10.07.2013
Повеќе...