Неделeн преглед 19-27.08.2013

Неделен преглед на написи поврзани со распределба на општинските средства за периодот 19 до 27 август, 2013 година.

 Неделен преглед на написи поврзани со распределба на општинските средства за периодот 19 до 27 август, 2013 година:

  • Спортските сали во Аеродром со нов лик
    Со околу 30 милиони денари од општинскиот буџет на Аеродром, шест основни училишта во Општината до почетокот на новата учебна година ќе имаат целосно реконструирани спортски сали.
  • ВМРО-ДПМНЕ во Центар бара ребаланс, за Жерновски тоа е лицемерие 
    Советниците на вмро дпмне од општина центар повторно побараа ребаланс на општинскиот буџет. Бараат садење нови дрвца со парите за комуналии од новата зграда на советот за радиодифузија. За градоначалникот жерновски, принципот сечи па...
  • Нова инфраструктура во населбата Реонски центар „Аеродром“
    Општина Аеродром ќе вложи 70 милиони денари или преку 1,1 милиони евра од сопствениот буџет за реализација на комплетната инфраструктура во новоизградената населба Реонски центар „Аеродром“.
  • Покана за шестата седница на Советот на Општина Струмица
    Предлог - Одлука за измена на распоред на средства во Буџетот на општина Струмица за 2013 година; Kвартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2013 година...
  • Реконструирани, санирани и обновени училиштата во Општина Кисела Вода
    Најголемите реконструктивни зафати во моментов се изведуваат во подрачното училиште "Круме Кепески" во населба Припор, каде привршуваат активностите за промена на прозорците, варосување на сите училници, замена на подот во една училница и поставување нови училишни клупи и столчиња во две училници. Овие активности се финансирани од општината Кисела Вода и амбасадата на Сојузна Република Германија.
  • Неизвесен почеток на учебната година, три општини должат за превозот од лани
    Почетокот на учебната година за околу 300 ученици од источниот регион е неизвесен поради долгот на три општини за училишниот превоз од 850.000 евра
  • Чудниот случај со буџетското планирање на Општина Карпош
    Деновиве Советот на Оштина Карпош го прифати вториот квартален буџетски извештај за извршување на Буџетот на општината. Од него може да се види дека во првите шест месеци од годината општината реализирала 18,2% од планираните приходи за целата година и ист толкав процент од планираните расходи.
  • Реконструирани шест спортски сали низ основните училишта во о.Аеродром
    Денеска министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски свечено ја пуштија во употреба и реконструираната сала во ОУ „Блаже Конески“, со што беше одбележана завршната фаза од проектот за реконструкција на училишните спортски сали во о.Аеродром, за што општината од буџетот обезбеди околу 30 милиони денари.
  • Училиштата и градинките во Гази Баба подготвени за новата учебна година
    Општинските власти летниот период кога учениците се на летен распуст го користат за реконструкција и подготовка на училиштата за стартот на новата учебна година.
  • Санирање улици кај Гази Баба
    Покрај санацијата на улиците, новоизградената детска градинка во Колонија-Јурумлери ќе добие ограда долга 230 метри од бетон и челик. Активностите ги изведува „Адра-Скопје“, а вредноста на работата ќе чини еден милион денари, обезбедени од општинскиот буџет.
  • Парична помош од Кисела Вода за 35 новороденчиња
    Триесет и пет семејства од Кисела Вода кои имаат новороденчиња, денеска добија еднократна парича помош во износ од 6.000 денари од локалната власт.
  • Штип добива обиколница
    200 000 евра обезбеди Владата на Р. Македониа за асфалтирање и модернизирање на 2 километри транзитен пат на булеварите Димитар Влахов и Гоце Делчев во Штип. По извршените подготовки денес се реализираше финалната фаза, со што започнува акцијата за реконструкција на сите булевари и улици во градот. Покрај со средства од државниот буџет, општината обезбеди и сопствени финансии за целосно подобрување на сообраќајната мрежа, проект кој ќе се реализира во следните 6 месеци.
Објавено од Игнатова Елена на 28.08.2013

Последни вести

Преглед на неподмирени обврски за 2012 година

Сите од анализираните ЕЛС имаат неподмирени обврски на крајот на известувачкиот период, но она што заслужува внимание е фактот што извршените расходи заедно со неподмирените обврски не го надминуваат нивото на планирани расходи.

Објавено од Игнатова Елена на 24.09.2013
Повеќе...

Неделен преглед 9-18.09.2013

Неделен преглед на написи поврзани со распределба на општинските средства за периодот 9 до 18 септември, 2013 година.

Објавено од Џамбаска Дона на 20.09.2013
Повеќе...

Анализа на планирани и остварени приходи и расходи за 2012 година

Податоците кои ги содржи сервисот „Следи ги парите“ можат да бидат основа за многу различни анализи и извештаи. Во наредниот период ќе следуваат неколку анализи направени од податоците кои ги содржи сервисот, а првата од нив е анализа на финансиските извештаи/завршната сметка за 2012 година на 5 единици на локална самоуправа кои се групирани според нивниот број на жители.

Објавено од Игнатова Елена на 03.09.2013
Повеќе...

Предлог за подостапно и поразбирливо прикажување на буџетите на општинските веб-сајтови

Со практикување на наведените препораки, на граѓаните им се овозможува да го следат трошењето на парите во нивните општини и се поттикнува нивното вклучување во донесувањето фискални политики на локално ниво.

Објавено од Игнатова Елена на 02.09.2013
Повеќе...

Промоција на „Следи ги парите“

Следи ги парите

Имаме чест да Ве поканиме на прес-конференција за претставување на веб-сервисот „Следи ги парите“, која ќе се одржи во четврток, 11 јули 2013 година, со почеток во 11:00 часот во ЕУ Инфо Центарот

Објавено од Игнатова Елена на 10.07.2013
Повеќе...