Анализа на планирани и остварени приходи и расходи за 2012 година

Податоците кои ги содржи сервисот „Следи ги парите“ можат да бидат основа за многу различни анализи и извештаи. Во наредниот период ќе следуваат неколку анализи направени од податоците кои ги содржи сервисот, а првата од нив е анализа на финансиските извештаи/завршната сметка за 2012 година на 5 единици на локална самоуправа кои се групирани според нивниот број на жители.

Со анализата се опфатени општините: Кисела вода, Штип, Охрид, Струмица и Велес.

Извршената анализа дава информации за степенот (процентот) на остварување на приходите и расходите по поодделни општини, но во исто време и информации за вредноста на остварени приходи по жител во текот на 2012 година и потрошени средства по жител за остварување на функциите/надлежностите на општината по жител.

Со оваа анализа извршени се споредување на:

  • планираните и остварените приходи и пресметување на процент на остварување;
  • планирани и остварени расходи и пресметување на процент на остварување;
  • остварените приходи по жител;
  • остварените расходи по жител, и
  • пристапено е кон графичко прикажување и споредување на податоците на ниво на општини.
 

Добиените показатели, трендови и информации ќе обезбедат корисни информации за вработените во општинската администрација, менаџментот на општините, советниците, граѓаните и пошироката јавност.

Приложените податоци во табелата и нивниот графички приказ даваат информации за:

    • планираните и остварените приходи и процент на остварување на истите, односно овие информации укажуваат дека степенот на остварување на планираните приходи варира од општина до општина, при што најнискиот процент на остварување на планираните приходи изнесува 65% додека највисокиот износ изнесува 96%;
    • планираните и остварените расходи и процент на остварување на истите, односно овие информации укажуваат дека степенот на остварување на планираните расходи варира од општина до општина, при што најнискиот процент на остварување на планираните расходи изнесува 61% додека највисокиот износ изнесува 95%;
    • нивото на остварени приходи по жител во анализираните општини нуди информации дека најнискиот износ на остварени приходи по жител изнесува 10.076 денари додека највисокиот износ на остварени приходи по жител изнесува 16.559 денари;
 
    • нивото на остварени расходи по жител во анализираните општини нуди информации дека најнискиот износ на остварени расходи по жител изнесува 10.129 денари додека највисокиот износ на остварени расходи по жител изнесува 16.356 денари;
 
  • графичкото преставување на добиените податоци дава корисни информации за поединечните отстапувања од една општина до друга, но во исто време преставува и добра основа за поставување и давање на одговори на повеќе констатации пред се на менаџментот на општината и на општинската администрација.

Анализа на Оливера Хаџи-Арсова

Објавено од Игнатова Елена на 03.09.2013

Последни вести

Преглед на неподмирени обврски за 2012 година

Сите од анализираните ЕЛС имаат неподмирени обврски на крајот на известувачкиот период, но она што заслужува внимание е фактот што извршените расходи заедно со неподмирените обврски не го надминуваат нивото на планирани расходи.

Објавено од Игнатова Елена на 24.09.2013
Повеќе...

Неделен преглед 9-18.09.2013

Неделен преглед на написи поврзани со распределба на општинските средства за периодот 9 до 18 септември, 2013 година.

Објавено од Џамбаска Дона на 20.09.2013
Повеќе...

Предлог за подостапно и поразбирливо прикажување на буџетите на општинските веб-сајтови

Со практикување на наведените препораки, на граѓаните им се овозможува да го следат трошењето на парите во нивните општини и се поттикнува нивното вклучување во донесувањето фискални политики на локално ниво.

Објавено од Игнатова Елена на 02.09.2013
Повеќе...

Неделeн преглед 19-27.08.2013

Неделен преглед на написи поврзани со распределба на општинските средства за периодот 19 до 27 август, 2013 година.

Објавено од Игнатова Елена на 28.08.2013
Повеќе...

Промоција на „Следи ги парите“

Следи ги парите

Имаме чест да Ве поканиме на прес-конференција за претставување на веб-сервисот „Следи ги парите“, која ќе се одржи во четврток, 11 јули 2013 година, со почеток во 11:00 часот во ЕУ Инфо Центарот

Објавено од Игнатова Елена на 10.07.2013
Повеќе...